речник контакт

Офицерски е сопственост на Велес!!!

Владата го отстапи просторот на користење на градот. Тука ќе биде резиденцијална Градска куќа за прием на гости на локалната како и венчалната сала

Петар Печков

Офицерскиот дом е сопственост на Велес. Оваа одлука на Владата излезе во Службениот весник од 27 јуни. Со неа просторот се отстапува на трајно  користење на општина Велес.  Таа планира објектот да го пренамени во Градска куќа.

Постапувајќи по моето барање, Владата го отстапи Офицерскиот дом на општина Велес на трајно користење.  Зградата ќе се преуреди во Градска куќа, каде ќе биде венчалната сала и тука младите ќе склопуваат бракови. Канцеларии ќе имаат пратениците  кои тука ќе остваруваат средби и со граѓаните и со нивните  гости, градоначалникот со неговите гости. Ова е ќе биде репрезентативен објект за приеми на делегации и гости на општината – најави градоначалникот Славчо Чадиев. 

За неговата негова намена се изработува план, со кој се предвидува да се сруши оградата и парковската површина да биде за прошетки на велешани. Ќе се отстранат дел до дрвјата кои се опасност по околината, а неодамна едно се срушило и оштетило куќа во соседството.   Офицерскиот дом заедно со паркот има 500 метри квадратна корисна површина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »