речник контакт

Официјализирани новите цени за градскиот и општинскиот автобуски јавен превоз

Се однесува за девет автобуски линии

Петар Печков

На вчерашната седница на Советот на Општина Велес беа изгласани новите цени на градскиот и општинскиот автобуски јавен превоз. Гласањето и дискусијата беа тензични со многу забелешки, реплики, навреди и во непријатна атмосфера, со чести паузи за да се смири состојбата во салата. 

Сите нови цени беа прифатени од страна на мнозинството со 11 гласа за и 10 против. Опозицијата СДСМ на сите точки имаше амандман за бесплатен превоз во период од три дена, на сите линии, и тоа во вторник, петок и недела. Парите за ова би биле префрлени од ставката времени вработувања.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли. Советникот Драган Димески од ПОДЕМ кажа дека сите биле со идентичен текст и вредност од 200 илјади денари со цел популизам и немале правна издржаност.

Пандорка Прличкова од СДСМ рече дека се предложени за да им помогне на граѓаните во овој период на економска криза, но и за заштита на животната средина, повеќе да се користи градскиот превоз.

Градска линија 35 денари/ 1000 месечен билет

Велес- гробишта Раштани 40/ во два правци 60

Велес-  Шорка - Башино село  42 ден/  1.700 месечен билет

Велес- Чолошево 70- Дурутовец 55 -Трпезица  40  /месечен билет  2850; 2.240; 1.600

Велес- Кумарино 110 -Сујаклари 84- Отовица 70 - Речани 40 / месечен билет 4.450; 3.400; 2.850; 1.700

Велес- Црквино 125 -Венуле 100- Бабуна 60 / Црквино -Венуле 40  Црквино -Бабуна 60 /  Венуле - Бабуна 40

Велес - Караслари 100

Велес- Оризари 55/ месечен билет  2.400

Велес- Мамутчево 100/4.500 - Иванковци 110/ 5.000  Иванковци - Мамутчево 40/  2.000

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »