речник контакт

Оштета за невремето кое го зафати лани велешко

Со 15 отсто ќе бидат обештетени велешките семејства кои во август лани претрпеа штети од невремето и поплавите кои го зафатија градот, реши Владата.

Петар Печков

Таа  ја разледала и усвоила информацијата за штетите и го задолжила Министерството за финансии да издвои средства од резервите на Буџетот во висина од 15 отсто од износот на проценетата штета, односно околу три милиони денари. Министерството за финансии треба да ја разгледа и можноста за обезбедување дополнителни средства од буџетските резерви за 2010 година во висина од уште 15 отсто од износот на штетите.

Средствата ќе им бидат префрлени на општините, а тие во рок од 30 дена од добивањето ќе треба да изготват извештаи за нивната распределба до засегнатите граѓани и деловни субјекти и за тоа да ја информираат Владата.
Минатогодишното невреме од пороен дожд нанесе големи штети на градежни објекти во општина Велес, при што биле нанесени големи штети на градежни објекти со тоа што водата навлегла во подземните простории, подруми и гаражи од станбени и деловни објекти во градот Велес – изјави портпаролот на Владата  Мартиновски.

Невремето кое го зафати велешко во средината на месец август лани  направи штета од 30 илјади евра на 50-тина објекти е проценката која надлежната комисија при локалната власт ја утврди по пријавените штети кои ги претрпеа велешани а ја прифати Советот на општина Велес.

Четириесетина граѓани во рокот од еден месец пријавиле дека најмногу се оштетени мебел, бела техника и градежни приземни објекти во вкупна вредност од 1,82 милиони денари. Поројниот дожд кој предизвика и поплави, па дури и еден пожар, најмногу ги оштети жителите на Дервенскиот поток, Сточниот пазар кај Железен мост како и централното градско подрачје улиците Благој Ѓорев и Маршал Тито, каде поради конфигурацијата на теренот се сливеше сета вода од сите делови на градот.

Поради ова штети претрпеа и бројни продавници и деловни објекти во центарот на Велес кои беа поплавени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »