речник контакт

Оштетена од жар подземната вреќа од контејнерот кај ВЕ-МАЛ

Сомнежите се дека вреќата е оштетена од жар од скара

Петар Печков

Вработените од ЈКП Дервен отстранија една од вреќите на подземен  контејнер, која минатата седмица беше оштетена од оган. Тоа се случи на контејнерот поставен  близу сигурносната железничка рампа кај мостот Гемиџии, близу до маркетот ДМ.  Откако истата подземна вреќа, која беше оштетена,  е санирана деновиве била вратена.  Таа е изработена од водонепропусен полиестер и е со волумен од три метри кубни.

„Контејнерот е по втор пат запален, претпоставките се дека е од жар од скара. Сите објекти кои подготвуваат скара во околината се опоменати, дека не смеат да фрлаат жар во подземните контејнери. Вреќата е поправена и ставена во функција, среќна околност е што таа не гори, туку тлее, па брзо е санирана“ - кажа Билјана Шуркова Манаскова раководител на одделението  за животна средина.

Потенцира дека останатите подземни локации, во други делови на градот, не се регистриран проблеми, ту

ку само на овој, кај поранешна НА-МА и тоа во два наврати.   Од локалната власт потсетуваат дека подземните  контејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршува картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел, за отпадот кој може да се селектира, општината на јавните површини има поставено соодветни садови. Општина Велес подготвува локации за поставување на нови подземни контејнери.

„Се гради простор за нов подземен контејнер, спроти зградата на Пошта, пред аптеката. Порачани се уште три, кои ќе се постават на спојот на ул. Гоце  Делчев и Страшо Пинџур, кај рампата, додека  два на паркингот кај Маркет Жито  близу Гимназија“- додаде  Шуркова Манаскова. 

фото: Божана Ќулавкова Голди радио

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »