речник контакт

Пoлицијата со превенција од џебни кражби

Aктивност на СВР Велес

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден  на подрачјето на Велес и Кавадарци, на повеќе локации во овие два града, како и на Градскиот пазар во Велес, спроведена била  превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како „Градиме пријателство- создаваме безбедност“.

„Активноста беше фокусирана на превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери. Таа се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и во текот на низата разговори, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа за начините за самозаштита, за сите важни елементи како да се препознаат и превенираат ваквите имотни деликти. Притоа беше нагласено дека еден од суштинските чекори е правовремената комуникација и соработка со полицијата“ - соопштија од МВР.

Оваа  превентивна активност во рамки на кампањата „Градиме пријателство -создаваме безбедност“  била  реализира преку Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес .

фото ФБ / МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »