речник контакт

Падна кран во Кавадарци, починаа две лица

Се срушил кран, при негово монтирање за изведување на градежни работи на станбена зграда. Починатите градежници се од Скопје

Петар Печков

Претпладнево околу 9,30 часот на градилиште во Кавадарци, се срушил кран, при негово  монтирање за изведување на градежни работи на станбена зграда. При монтажата, кранот се откачил и паднал. При инцидентот загинати се две лица и двајцата жители на Скопје. За случајот е запознаен и Трудов инспектор.

„Во зграда во изградба на булевар „Цветан Димов“ во Кавадарци, извршувајќи работни задачи, при пад од кран од здобиените повреди на местото починале С.С.(51) и М.Н.(31), двајцата од Скопје. Според пријавеното, со повреди се здобил и Ч.М. од Скопје и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош“ - соопштија од МВР.

Увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот.

„Издадена е наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби. Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности’ - соопштија од ОЈО Кавадарци.

На лице место стигнала екипа на Итната помош од Кавадарци, која само констатирала смрт кај две лица, без можност да се помогне.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »