Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 мај 2022
Во неделата вечер околу 19,30ч. маж на 40 годишна возраст, жител на друг град, не од Велес паднал од трети акт. Тој бил на гости во зграда на улица Прва комуна, кога од засега непознати околности паднал од балконот. Според сведоците тој имал среќна околност што при паѓањето удрил на настрешницата, не директно на земја. Екипа на Итната помош била повикана на лице место.
„Повредениот не се жалеше на болки во главата, беше во свесна состојба. Дадовме неопходна здравствена помош и нега и го префрливме во велешка Болница“ - кажа д-р. Васе Пановска, началник на Итната помош.
Од велешка Болница лицето било итно препратено на Клинички во Скопје.
„Кај повредниот констатирани се повеќе политрауми, повече внатрешни повреди, поради што лицето е препратено на Клинички во Скопје“.- кажа д-р Лена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Настанот го потврдија и од СВР Велес.
Tweet |