речник контакт

Пазарот во Нова населба затворен, главниот ќе работи со скратено работно време и ограничување на бројот на купувачи кои го посетуваат

Денес вонредно извршија ново дезинфицирање на површината и тезгите од Градскиот пазар

Петар Печков

Постапувајќи по заклучоците на локалниот кризен штаб на Општина Велес, ЈКП дервен воведе времени мерки за двата градски пазари.Тие се на сила се додека траат мерките за заштита од корона вирусот. Главниот градски пазар ќе има ново скратено работно време од 6 до 14 ч. секој ден. 

Покриениот пазар во Нова населба се затвора времено, се додека траат мерките за заштита од корона вирусот. Градскиот пазар  ќе работи со намалено работно време, но и со ограничено влегување на посетители. Тие ќе можат да влегуваат откако пазарот ќе го напуштат купувачи а за тоа ќе се грижат инкасантите - информираше за ТрМр  Љупчо Лазевски раководител на одделението Пазари при ЈКП Дервен. 

Тие денес вонредно извршија ново дезинфицирање на површината и тезгите од Градскиот пазар 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »