речник контакт

Пакетите со три услуги на „Близу“ со 50 отсто попуст

„Овие придобивки се само дoполнување на онлајн подароците коишто ги воведовме изминатиот период“ - изјавуваат од Операторот.

Никола Солев

 

Телекомуникацискиот оператор „Близу“, од март 2013 година дополнително го зголеми изборот на пакети коишто се на попуст при онлајн нарачка. Имено, отсега сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија) се достапни за онлајн нарачка, со која сите нови корисници во првите 4 месеци добиваат 50% попуст.  Оваа понуда, која досега важеше само за интернет пакетите, отсега е активна и за сите пакети со три услуги - Старт, Смарт, Екстра и Премиум. 

Процедурата за нарачка е едноставна - на веб страната на „Близу“ - www.blizoo.mk, под избраниот пакет се наоѓа линк којшто води кон апликацијата за онлајн нарачка. 

Покрај новостите за попустите, од операторот изјавија дека аналогната телевизија за втор и трет тв приемник останува бесплатна за сите корисници. 

„Овие придобивки се само дoполнување на онлајн подароците коишто ги   воведовме изминатиот период“ - изјавуваат од Операторот.

Во моментов „Близу“ е оператор кој на своите корисници им нуди: дигитална телевизија со 120 канали и 8 ХД канали, најбогат пакет на албански канали, неограничен интернет со брзина до 50 Mbps, фиксна телефонија со вклучени бесплатни 600 минути месечно кон сите фиксни оператори и неограничени разговори во мрежата на „Близу“. Корисниците се опслужуваат 365 дена во годината. 

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »