речник контакт

Пале И. пред судот ќе одговара за убиството на полицаецот за дело „убиство во миг“

А.Р. во видно алкохолизирана состојба ја нападнал и вербално и физички обвинетата

Петар Печков

Велешанката Пале И. (24 год) пред суд ќе одговора за убиство во миг. Велешкото обвинителство поднело обвинителен предлог против обвинетата за кривично дело „Убиство на миг“ од член 125 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница. Откако вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот“- соопштија од ОЈО Велес.

Со оглед на тоа што постоеле  околности кои укажувале на опасност од бегство на обвинетата, заедно соОбвинителниот предлог до Основен суд Велес, е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.

Со поднесениот обвинителен предлог, доколку се докаже вина, може да се изрече казна затвор во траење најмногу  до пет (5) години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »