речник контакт

Палмите во Велес, добија зимско руво

За да ја презимат зимата се обвија со јутено платно

Петар Печков

 Деновиве вработените од ЈКП Дервен ги заштитија 47-те  палми, кои пролетва беа засадени во Велес.

На повеќе локации во градот, сите палми се обвиткаа со јутено платно, кое според стручните лица, штитело од ниските зимски температури.

Палмите се засадени  во Младински, пред Гимназија, на влезот од Штипско џаде, во Офицерски. Нивната вредност е 500 евра по дрво и се набавени од ЈП Македонски шуми.

Во изминатите месеци, три палми до градот беа потпалени од страна на млади лица, но палмите куртулија, за среќа. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »