речник контакт

Панче Жежевски убиен за долг од 500 евра а автомобилот украден за да се грабне девојчето Вања Ѓорчевска

Полицијата го сомничи Љ.П. за извршител на убиства, пиштолот уште не е пронајден. Сите осомничени се припадници на една маргинална политичка партија

Петар Печков

Осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски (74 год) е скопјанецот Љ.П. кажа на прес конференција Гаврил Бубески јавен обвинител за ОЈО Скопје.   Mеѓусебна поврзаностпомеѓу застреланите  е што грабнувањето на девојчето е со автомобил на Жежовски.

„Убиството на Панче Жежовски е извршено од Љ.П. според кажувањето на тројцата соучесници. Панче на 22 ноември бил грабнат од својот дом, автомобилот „Цитроен“ одземен со цел да се изврши грабнување на девојката а подоцна истиот ден со истрел и застрелан. Мотивот за грабнувањето на Жежовски е поради долг од 500 евра кон едно од лицата соизвршители, негов сосед“ - кажа Бубевски.   
Телото на Жежовски било пронајдено во месноста Кула. И неговото и на девојчето телата биле закопани а биле пројадени по кажување на соизрвшителите, кои пред обвинители во детали ги раскажале двете грабнувања и убиствата.

„Автомобилот на Жежовски, „Цитроен, од 22 до 27 кога е грабната девојчето, не се појавува на камерите на Сејф сити, не бил во движење. Утрото кога е грабнато девојчето е ставено во вреќа за спиење, со врзани раце и нозе. Однесено е во месноста Бразда- скопско каде после одредено време е извршено убиство,  според кажувањето не тројцата соизвршители, со пиштол од страна на Љ. П.“ - рече министерот Оливер Спасовски.   Тој извршителот на убиствата го нарече монструм.  

„Осомничените  извршиле две кривични дела – грабнување, кои се поврзани со делото користољубие, грабнување заради корист. Имаат извршено и две кривични дела – убиства, со поврзаност на двете дела, со што тоа добива најтешка кривична казна. Не можам да кажам што се случило за да после неколку часа од грабнувањето сторителот се одлучи да изврши убиство на девојчето, кое било грабнато со цел добивање на пари, уцена, која и не била испорачана кон семејството. Исто и на велешанецот да биде убиен веднаш по грабнувањето “, рече обвинителот Бубески.

Тој објасни дека  повеќе детали за кривично правниот настан ќе може да дадат, откако ќе стигнат деталите од обдукцијата на двете тела.

Сите тројца, како и лицето во бегство е припадници на една политичка партија, во чии канцеларии МВР извршило претрес и одзело документи.  

Порталот МКД.Мк објави рано утрово директорот на затворот, Филип Андов потврдил  дека  мерката притвор  им е изречена е на три лица, меѓу нив и двајца велешани.   Како што дознава порталот  станува збор за осомничените Велибор Маневски и Боре Видевски од Велес и  Влатко Кешишов од Штип.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »