речник контакт

Парада на светилките и бесплатни презервативи, за заштита од ХИВ-СИДА

Оваа активност беше на младите од Црвениот крст од Велес

Петар Печков

По повод 1-ви декември Светски ден за борба против сидата  се одржа традиционалната Парада на светилките. Во неа земаа учество волонтерите од Клубот на млади и основците и средношколците од Велес. Младите ја спроведоа
парадата од збирното место (Авона) до Младинскиот парк. Целта на парадата и свеќите кои ги носеа младите велешани означуваат симбол на солидарност на сите заболени и починати од Хив/Сида вирусот.

По завршувањето на парадата  учесниците се собраа во Младинскиот парк и неколкумина врснички едукатори накратко им образложија која  целта на парадата и како  малдите да се заштитат
од неа.

Вво вечерните часови   волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Велес делат презервативи по велешките кафичи, со цел да ја подигнат свеста на младите за спречување од
заболување со ХИВ вирусот.

Клубот на млади во текот на месец Декемрви ќе спроведе повеќе едукативни работилници по основните и средните училишта, а предвидено е и едукации во руралните средини, за ХИВ/СИДА.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »