речник контакт

Параклис Св.Ѓоргија, вечер пред празникот

Река од велешани доаѓаше во параклисот Св. Ѓоргија во пресрет на утрешниот истоимен верски празник. Дел од нив да запалат свеќа за здравје други да подигнат панагија за вечерната слава. Тоа е значајно затоа што тука започнало прво да се учи на мајчин јазик во Македонија

Петар Печков

Од сите краишта на Велес тука се слеваше многу народ, кои се заборавија дека се во црква па од муабетот не се слушаше пеењето на свештеникот. Така ќе биде и утре, на денот на верскиот празник кога до пладне ќе доаѓаат верници.

Верскиот објект тешко ќе се распознае меѓу останатите куќи на улицата Богдан Каракостев  доколку не е таблата поставена пред двесетина години, на куќата со бр.14  на која пишува  ,,Тука 1857-та година, со средства на жителите од брзоречката општина е основано првото класно трговско училиште во Македонија“.  Се смета дека ова е почетокот на учењето на мајчин јазик на децата во Велес но и во Македонија.

Историските факти се дека се до изградбата на црквата Св. Богородица во 1905-тата година овој објект бил  црковен и припаѓал на Рилскиот манастир, за потоа да биде    запоставен. Тој е  меѓу најстарите  верски објекти во градот, за што зборува иконата, сега сместена во Св. Богородица а потпишана дека е живописана во 1766 година.

Во него освен што Џинот предавал на македонски јазик, се изведувале и првите едночинки, чиј автор бил токму тој. Вратите на параклисот се отвораат два пати годишно напролет на Ѓурѓовден,  и на есен на Св. Ѓоргија. И оваа година река од велешани се слева по тесните улици, поплочени се уште со калдрма за да дојдат и го посетат параклисот. На простор не поголем од 20 метри квадратни илјадници луѓе минуваат, но малкумина знаат дека тука некогаш било училиште.

Тоа било на два ката, приземјето за машките деца а горниот за девојчињата. Иако минал век и половина, објектот е добро сочуван, но дел од иконите се оштетени. Тие се сведоците на времето кога тука децата за прв пат започнале да учат на мајчин македонски јазик а нивните родители ја одржувале  православната вера.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »