речник контакт

Паралелка на албански во Велес нема!

Паралеката од прва година при велешката Гимназија „Кочо Рацин“ нема да започне со настава.

Петар Печков

Паралеката од прва година при велешката Гимназија „Кочо Рацин“ нема да започне со настава. Триесетината ученици кои требаше да посетуваат настава на албански јазик веќе се испишале и се запишале во други училишта.

- Не се создадоа услови за почеток на наставата поради недоволно стручниот наставен кадар кој требаше да предава на албански јазик. Одлуката беше донесена без анализа, така што децата кои за прв пат во велешко требаше да посетуваат средно училиште на мајчин јазик, ќе чекаат наредна прилика-изјави директорката на Гимназијата Стефка Богоевска.

Децата од селата Горно Јаболчиште и Бузалково се отпишале, дел од нив се запишале во Тетово или Куманово, додека некои продолжиле во Велес да се образуваат на македонски јазик.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »