речник контакт

Парите кои граѓаните од сателитската населба кај езеро Младост ги платиле за комуналии Коцевски објасни дека биле потрошени на други локации во градот

Градоначалникот најави дека постепено ќе ги решаваат проблемите на инфраструктурата од оваа населба, за која жителите оправдано реагирале

Петар Печков

Дел од  сопственици на куќи изградени во новата населба кај  езеро Младост, наречена Сателитска населба  реагираат  на условите во кои  живеат.  Во дописот испратен до медиумите посочуваат дека улиците не се асфалтирани, немаат улично осветлување, посочувајќи и други проблеми.

Во оваа ново изградена планска населба каде што секој има платено комуналии и нема дивоградби,  не се гради иако се  ни е платено и е легано. Немаме јавно осветлување, немаме собирање на отпад, немаме зелени уредени површини а за сето ова уредно ни доставуваат месечни сметки кој си ги плаќаме за услуги кој не ги добиваме.  Ние не бараме услуга, ние бараме да се направи тоа што ни следува и веќе сме го платиле одамна - пишува во писмото од дел од жителите од населбата, испратено до медиумите. 

Градоначалникот Аце Коцевски  на поставеното прашање на прес конференцијата,  ги оправдува реакциите на граѓаните и  даде објаснување зошто е таква состојбата. 

 Тие платиле колку што општината пресметала. Проблем е што комуналиите во Велес се многу ниски во споредба со други градови. Кај нас е 25 евра а во други е 50 евра од метар квадратен. Со тие пари што општината ги прибира   по надоместок за уредување на градежно земјиште, не е можно да се изгради инфраструктурата. Втор проблем е што тогаш кога општината дала одобрени, ги земала парите од сопствениците   за  комуналии и ги потрошила на друго место и не изградила. Ние овие две години работиме дел по дел, годинава ќе се асфалтираат две сообраќајници, ќе инсталираме улично осветлување. Постепено ќе ги решаваме проблемите. Проблем е што парите се потрошени  за други зафати наместо таму да се изгради инфраструктура - рече Коцевски.

Тој ги замоли граѓаните од  сателитската населба  за трпение, како што биле трпеливи и кога таму со години ништо не се градело, но и потсети дека  наследил и големи долгови, кои морале да се отплатуваат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »