речник контакт

Паркирањето по улиците Лазо Осмаков, Христо Татарчев и 11-ти Октомври, времено нема да се наплатува

Причината е што улицата Лазо Осмаков требало да се реконструира а потоа сите три да се бележат со хоризонтална и вертикална сигнализација

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе одлука со која времено се стопира наплатата на паркирањето од неколку улици во гадот, кои се дел од паркинг зоната Б и Ц. Оваа одука е донесена по барање на ЈП Парк- спорт и паркинзи. 

Со одлука се изземаат наплатата за  улично паркирање на дел од  улица „Лазо Осмаков",  на дел од улица „д-р Христо Татарчев"и на дел од улица „11-ти Октомври".

„Изземањето од користење и наплата е поради потребата од целосна реконструкција на ул.„Лазо Осмаков“ и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација истата. По завршување на наведените активности, подзоните Б4 улично паркирање на ул.„Лазо Осмаков“, Ц1 улично паркирање на ул.„д-р Христо Татарчев“ и Ц2 улично паркирање на ул.„11 Октомври“ ќе се вклучат во системот за наплата на паркинг места.“ - пишува во образложението.

Улицата Лазо Осмаков е таа што води кон Хигиенски, Христо Татарчев е кај училиштето Васил Главинов а 11-ти Октомври кај салонот на Симпо. Од почетокот на месецов во Велес започна да се наплатува паркирањето на неколкуте јавни паркиралишта во градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »