речник контакт

Паркот пред општинската зграда се осветлува

За една седмица треба да светнат канделабрите

Петар Печков

Започнаа  граденжните работи, со кои треба да се постави осветлување во паркот  пред  Општинската зграда во Велес.  Работите се одвиваат во две  фази, со првата ќе  поставуваат осум а потоа уште шест канделабри.

Овој простор го користат гаѓаните од соседните згради.  Но тој се користи само додека има  природна светлина а  потоа не.  До мене дојде делегација на граѓани од вој дел на населбата, со барање тој да се осветли. Тоа  и го правиме бидејќи просторот  е мошне посетен и од деца и од возрасните  - рече градоначалникот Чадиев.  

Освен светилки, ќе се  постави и урбана опрема, неколку клупи, за да може што повеќе жители да го користат паркот и зеленилото за одмор.   

Од актуелните активности, градоначалникот најави дека ќе  се  постават  неколку видиковци на јавни површини во градот. А ќе започне  и  крпењето  на  улиците.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »