речник контакт

Патиштата во велешко исчистени

Пробиени патиштата до Иванковци, Мамутчево, Бузалково, Сливник и Клуковец. Дел од високите делови на градот без вода за пиење а дефекти нема

Петар Печков

Отсечените села во велешко, од денес понеделнички  се поврзаа со градот. Од локалана власт информираа дека патиштата кои беа завеани до Иванковци, Мамутчево, Бузалково, Клуковец биел пробиени.

Последно село каде стигнала механизацијата е Сливник, каде патот бил пробиен околу 12ч.   Мештаните од село Клуковец пак посочија дека  дел од патот сами го пробиле, чистејќи ги наносите рачно со лопати.  

Овие и други села во велешко, беа отсечени од петокот вечерта. Луѓето реагираа дека имаат потреба од  лекар,  но не можат да добијат помош бидејќи патишта беа не проодни.    

Жителите од улица Св. Прохор Пчински  реагираа дека два дена немаат вода. Слични реакции има и од други делови на левата страна на градот.

Од ЈКП Дервен информираат дека нема дефекти, туку поради зголемена потрошувачка на вода, која се троши од страв да не замрзнат цевките, во одредени делови на градот, посебно во повисоките не стигнува вода.    Очекуваат дека состојбата ќе се стабилизира со попуштање на  нисктеи температури.  

 Во прилог видео како жителите на село Клуквоец сами го чистат  сенгот, на температура до  -15 степени. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »