речник контакт

Патиштата во велешко проодни, но со внимателно возење

Настава нема во училиштето во Раштани и за дел од учениците од Бузалково

Петар Печков

Новите снежни врнежи, кои го зафанаа велешно вчера попладне и вечер создадоа потешкотии со одвивањето на сообраќајот кон неколку населени места. Пред се во утринските часови, кон Раштани, Бузалково.   

По информацијата од Центарот за управување со кризи дека во Ветерско снегот го блокира пристапот до жена на која треба да и се достават лекови, екипи работат на расчистување на патот. Механизација на ГП „Изгрев“ работи на расчистување на новите снежни наноси кон село Бузалково. ГП „Делта пром“ со механизација ги расчистува патиштата кон Оризари, Клуковец и Сливник - информираа од локалната власт. 

Од утринава екипите кои работат низ градот,  дополнителни количества сол и абразивни средства се фрлиле на пристапот кон Којник, на улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Коле Неделковски“. Екипи на ЈКП „Дервен“ се на терен и континуирано работат на расчистување на тротоарите и другите јавни површини. 

Поради временските услови денеска, среда,  предметна настава нема во подрачното училиште во Бузалково, каде се одвива само одделенска настава. Поради новите снежни врнежи и голомразицата настава нема и во училиштето во Раштани. Во сите други училишта и во градот и во населените места наставата се одвива нормално без поголеми проблеми. Во Општина Чашка механизацијата работи на терен, во расчистување на патните правци до Јаболчиште, Дреново,  Ореше, Мелница. Таму сите патишта се проодни, но треба внимателно возење.    

Меѓуградскиот автобуски превоз    и железничкиот се одвиваат без сериозни проблеми, со мали задоцнувања.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »