речник контакт

Патните правци проодни во општина Велес

Остануваат уште селата С`лп и Џидимирци

Петар Печков

Расчистени се наносите снег на патните правци на северот од општината. Три од четирите села кои беа отсечени , се со пробиени патишта, информираа од локалната власт.

Со механизација од фирми ангажирани за расчистување, проодни се сите патни правци во Општина Велес. Сакаме да ги информираме граѓаните дека патните правци кон селата Р‘левци, Рудник, Ветерско се пробиени. Сообраќајот кон овие населени места кои се пооддалечени и натаму се одвива во отежнати услови, а возачите на моторни возила потребно е да имаат зимска опрема – велат од Општина Велес. 

 Овие патни правци беа завеани седум дена. Патишта до селата се земјени поради што механизацијата имала проблеми да ги пробие.   Триесетината жители на село С`лп и натаму очекуваат храна и помош, бидејќи повеќето од мештани се стари и изнемоштени лица. Досега никој не се јавил ниту  контактирал со нив, за да праша дали им треба нешто.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »