речник контакт

Патниците ја блокирана железницата во Велес

Револтирани патници застанеле пrед локомотивите поради преполните возови и немањето место за превоз

Петар Печков

Вторникот наутро  железничкиот сообраќај  на железничката станица во Велес беше во прекин, откако  патниците ги блокирале пругите. Тие биле незадоволни од малиот број на вагони, кои ги пренесуваат до Скопје, па се решиле на ваков чекор.  Поради ова патничкиот воз кој сообраќа од Гевгелија кон Скопје чекал час и половина, додека деловниот воз ,,Пелагонија,  кој вози на линијата Битола – Скопје на велешката станица стоел половина час.

Секој ден се  соочуваме со истите проблеми, многу патници, малку место. Ова на се личи само не на железница. Мораме  да се тискаме како сардини во конзерва  по купињата и ходниците. И стоката кога ја превезуваат има подобри услови, отколку ние луѓето. Дали во железница ги следат деновите кога има зголемен број патници, тоа е секој понеделник, бидејќи учениците тргнаа на школо а  пуштиле само два вагони, срамота – велат  велешките патници од утринскиот воз  кој требало да ги превезе до Скопје.

Поради нивната блокада морала да интервенира и полицијата  која побарала да се ослободат пругите, бидејќи револтот на патниците не можел да се искажува на ваков начин, без претходна најава.  Од Велес до Скопје со месечни билети секој ден патуваат по 500 велешани. Тие потсетуваат дека сличен настан имало и пред две седмици, при уписот на факултетите, кога утрото возот од Кочани не можел да ги прими сите патници, па повторно имало иста слика, револт, негодување, блокади.

Поради ова група на патници  од Велес, со месечен биле во Скопје на разговор со раководството на ЈП МЖ Транспорт, од каде побарале подобри услови за превоз, во спротивно најавиле дека ќе продолжат со блокадите.  Од ЈП Македонски Железници транспорт уверуваат дека вечера утро реакцијата на патниците биле  непотребна.

Во возот од Гевгелија за Скопје, во Велес имало доволно место за сите патници. Реакцијата била предизвикана од лица кои се познати по нивните чести инциденти, обиди да се шверцуваат и бесплатно возат до Скопје. Нашите служби   го следат бројот на патниците, кој воз колку превезува со платен билет, така што секогаш на одредена линија има доволно место – велат од ЈП МЖ Транспорт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »