речник контакт

Патнички воз удри во карпа на пругата близу Богомила

Повредени патници нема, сообраќајот во прекин 5,5 часа

Петар Печков

Во вторникот наутро,  воз удри во карпа  на железничката пруга  Велес - Богомила. Сообраќајот беше во прекин 5,5 часа а повредени нема.  Според СВР Велес  инцидентот се случил   на железничката линија помеѓу  селата Согле и  Теово во 4,45  часот, кога патничкиот  воз кој сообраќал на линија од Битола до Скопје, удрил во  карпа  која била падната на пругата.  

Во сообраќајната незгода повредени нема,  а констатирана е материјална штета на моторниот воз популарно наречен ,,шпанец,, но и  оштетувања на пругата.   Веднаш на лице место излегле вработени од Македонски железници, кои  рачно  ја искршиле карпата и сообраќајот беше повторно  воспоставен во 10.15ч.  

Во ноември месец дена беше во  прекин железничкиот сообраќај откако карпа падна на делницата  на станиците од Мартолци до Стари  Град. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »