речник контакт

Патничкиот воз од и за Кочани еден месец не сообраќа

Застојот на сообраќајот на 4-ти јуни, кога се зборуваше дека се расипала локомотива на товарен воз среде Велес, од МЖ ги демантираат, била украдена опрема од пругата и затоа возот стоел

Петар Печков

Патничкиот воз за Кочани не сообраќа повеќе од еден месец. Патниците за тоа ниту се информирани, ниту знаат дека не вози. Подолго време не сообраќа и патничкиот воз од Скопје за Кичево и обратно.

„Планиравме со сопругата да патуваме за Скопје со утринскиот воз, кој доаѓа од Кочани. На железничка станица Велес бевме непријатно изненадени, кога ни кажаа дека возот подолго време не сообраќа. Бил расипан“ - вели жител на Велес, и тој и сопругата пензионери.  Од МЖ Транспорт АД ги потврдуваат ваквите состојби.

„Возните средства кои го извршуваат превозот на патници на дадените релации се во дефекти од поголем обем за кој е потребно подолго време за поправка на истите. Поседуваме возни средства со просечна старост на истите преку 45 години и поради тоа  кај нив се јавуваат чести дефекти. Се надеваме дека превозот кон дадените релации ќе започне нормално да се извршува на почетокот на следниот месец“  - соопштија од МЖ Транспорт. 

Изминатите години во повеќе наврати се случуваше возот за и од Кочани да нe сообраќа, од различни причини, сообраќајот беше во прекин.

Дека состојбата со возниот парк е лоша, потврдуваат и информациите дека на 15-ти и 21-ви мај се запали локомотива на релација Скопје -Гевгелија. На 4-ти јуни, сообраќајот во Велес  беше блокиран, откако товарен воз застана на рампата на мостот Гемиџии.

И додека игнорациите беа дека е расипана локомотивата, па се чекаше да дојде друга да ја повлече композицијата, од МЖ Инфраструктура со друга официјална информација.  

„За случајот во Велес, поради чести кражби во пратечката инсталацијата по должината на пругите во земјава, нема правилна информација за контрола на патните премини. Поради тоа според важечките железнички прописи, возот треба да застане и да се изврши обезбедување на патниот премин за да се продолжи со понатамошно возење на возот“ - пишува во одговорот на МЖ АД Транспорт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »