речник контакт

Патничките возови кон Кочани и Кичево неизвесно е дали и кога повторно ќе сообраќаат

На прашањето до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дали се планира набавка на нови локомотиви, возови, тој не даде прецизен одговор, но не пропушти да каже дека државата одделува големи средства за Македонски Железници.

Петар Печков

Патничките возови кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021 година.  Од МЖ информираа дека причината е  поради недостиг на возни средства, патнички возови, локомотиви. Но не е извесно кога железничкиот патнички сообраќај во овие два правци повторно се  воспостави. 

На прашањето до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при пуштањето на гасоводот Неготино - Битола , дали се планира набавка на нови локомотиви, возови, тој не даде прецизен одговор, но не  пропушти да каже дека државата одделува  големи средства за Македонски Железници. Причината за не сообраќањето на возовите кон Кичево и Кочани,  тој ги лоцираше во економската неисплатливост.

„Интересот на патниците за овие две делници е исклучително намлен. Поради тоа сите оперативни линии,  како  Скопје - Велес и обратно,  оперираат со  голем број патници. Владата имаат доборено средства за помош на ова претпријатие за да продолжи со патничкиот железнички превоз, за да опстане  во овие тешки времиња. Тоа е од исклучителна важност за државата“ - кажа Бочварски. Тој најави либерализација на  железничкиот транспорт.
Изминатава година имаше повеќе случаи кога поради расипување на локомотивите, патничките возови,  доцнеа со часови до крајната дестинација. Така имаше случај кога до Скопје  до Битола се патуваше еднаш 8 , друга пат 10 часа иако по ред на возење е три и пол часа.

Железничарите пак стравуваат дека со немањето сообраќај  кон Кичево и Кочани, се девастира железничката пруга. Железничкиот патен правец Велес - Кочани е изграден во Кралска Југославија 1923-1926. Пругата од Скопје кон Гостивар и Кичево е градена во две делници,  до  1952 и до  1969 година. 

На делницата Гостивар Кичево се наоѓа најголемиот вијадукт во земјава, долг 315 м висок 55м

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »