речник контакт

Патот до Прилеп преку Степанци и натаму непрооден

Регионалниот пат Велес - Градско затворен, продолжува со асфалтирање

Петар Печков

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека од саботата не е прооден регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот. Таму бројни патници саботата се упатија да стигнат до Прилеп откако беше затворен магистралниот пат Градско - Прилеп, поради излевање на Рaечка река.  Токму поради тоа во саботата имаше голем број на возила кои до Прилеп или од Прилеп сообраќаа преку Богомила.

По петок делницата  од регионалниот пат Велес - Градско е затворена за сообраќај во периодот од 8 – 18 часот, поради асфатлирање.

Државен пат А1, автопатот, делница  од Демир Капија кон Неготино,  е со променет  режим на сообраќај, со целосно затварање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот се  пренасочува на Регионалниот пат  Демир Капија - Неготино. .

Делницата Петровец – Катланово,од автопатот Велс - Скопје и натаму е затворена за сообраќај  бидејќи се во тек  градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »