речник контакт

Патот до истребување, историска читанка

Филмот ја доживеа премиерата во полната сала на Битолски театар. Останува сега на публиката и критиката да го оценува и вреднува

Петар Печков

Во полната сала на битолскиот театар, во саботата попладне беше премиерно прикажан филмот ,,Последниот Македонец,  патот до истребувањето,,. Тоа е играно-документрен филм од 102 минути,  според сценариото на Александар Кукулев, во режија на Илија Пиперкоски, монтажа на Данчо Стефков и продукција на   Снежана Лупевска.  

Филмот беше прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него. Или што би рекол Крсте Петков Мисирков ,,За македонцките работи,,  патриотизмот, предавството.

Текстот за филмот беше подолго време создаден, на филмот се работеше три години, за сега да ја доживее премиерата. Во филмот прикажани се братоубиствените настани во Бугарија и бројните убиства на македонските револуционери, страдањата на Македонците од српските четници Јован Бабунски и Василе Трбиќ, продаденоста на некои македонски војводи на грчкиот митрополит   Каравенгелис...

Авторот на сценаристот Кукулев, подготвен да се соочи со противставените мислења или неприфаќањата на тезите кој се поставени во филмот.  

На вчерашната премиера прв пат го видов филмот. Бев престрашен колку верно е пренесено тоа што јас го напишав. Бев  свесен уште кога го пишував сценариото, што се ме чека по премиерата на филмот, ако еден ден излезе. Имам свој став и  подготвен сум да го бранам сето тоа што е поместено во филмот и од историски аспект и аспект на реализација. Од друга страна имаме своја мисија во животот. Од Букурешт мина 102 години а од ослободувањето  на оваа сегашна Македонија 71 година. Ние за Букурешкиот договор слушавме само ставови  на земји потписнички а тоа не бевме ние. Македонија немаше свој официјален став за овој документ. Македонската историографија до 90-та и потоа  25 години самостојни, непростиво е  да не се изнајде сила  да изнајде форма со која ќе застане и ќе го каже ставот  на Македонија со поделбата од 1913 година. Мора да се крене гласот против ваквиот начин на решавање на работите, Ако проговоревме многу порано ќе имавме свој став,  а проблемот досега го стававме под тепих. Видовте во филмот тие што добија парчиња од Македонија, нивните историчари разговараат за Букурешкиот договор. Ги изнесовме сите гледишта на едно место а гледачот сам ја избира вистината - изјави Кукулев.   

Монтажер на филмот беше Данчо Стефков. Тој вешто ги спои играните делови на филмот со ставовите на историчарите.  

Со овој филм се чувствувам созреано како монтажер. Ова е една од најтешките форми на  филмски изрази, ова е врвот на мојата кариерата по тежина, содржина и по зрелост.  Линијата на играното и документарното да се спојат во целина, да имаат редоследност, да имаат ритам.  Следна моја провокација е монтажа на игран филм, кој ќе почнам да го работам од јануари следната година, во тек се подготовките - рече Стефков.  

Режисерот Илија Пиперкоски, кој диплоимирал филмска режија во Букурешт и таму живее, во емотивното обраќање пред гледачите, рече дека е пресреќен и презадоволен што  дал свој придонес во ова остварување.

Сите бегаат од Македонија и градат туѓи држави. Им порачувам останете тука, градете ја својата. Јас три години работев на филмот без денар. Но не се жалам, напротив сум пресреќен што го создадов ,,Последниот Македонец,, - изјави Пиперкоски.

 Музиката  во филмот е авторско дело на велешанецот Оливер Тевчев.  На премиерата имаше бројни гости меѓу нив владиката Петар, екс министерот Владо Попоски, екс пратеникот Слободан Најдовски,довчерашниот ректор на Битолски универзитет Зоран Жоглев,  историчари..                              

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »