речник контакт

Патува 200 км да ги учи децата на македонски

Зекирија Сајновски е наставник по дополнителна настава по македонски јазик и национална култура во Словенија.

Петар Печков

Зекирија Сајновски е наставник  по дополнителна настава по  македонски јазик и национална  култура во Словенија. Тој пред петнаесет години се иселил од родниот Дебар  и доселил во мало место во близината на Љубљана. Сега Зекрија секојдневно патува до 200 км за да ја одржи планираната настава  на децата на македонските иселеници во најсеверната држава на Балканот. Предава во четири града, Љубљана Крањ, Нова Горица и Козина, место во близина на Копер, каде вкупно 35 деца посетуваат ваков вид настава. Така живее 15 години наназад, бидејќи е единствен наставник  во Словенија кои предава македонски јазик.

- Секој ден, попладне се наоѓам на терен, патувам по цела „дежела“ и ако има потреба на располагање сум и преку викендите. Тогаш има различни културни манифетации па се вклучувам и во нив, така што цел живот ми е подреден на зачуваување на љубовта на децата кон  нивната родна земја  или на нивните родители – вели Сајновски. Петнаесет години трае и неговиот патувачко - едукативен живот во интерес на најмладата генерација македонци. Вели дека бројката на деца кои посетуват дополнителна настава на македонски јазик е константна, околу 35. Со тоа што во последните години тој стагнира, пред десетина години ги имало и повеќе.

- Има голем број наши печалбари кои дојдоа во Словенија да работа како градежници, но за ниски 2,5 евра за саат. И тие не можат да ги пратат децата на настава, поради тоа што по цел ден се на работа и нема кој да ги носи во градот каде таа се одржува.  Навистина штета и жално е, бидејќ? постои опасност да го заборават мајчиниот јазик. Постои и смена на генерациите, веќе имаме втора и трета генерација деца, чии родители го заборавиле коренот, а децата ја заборавиле и кирилицата – вели Сајновски. Бидејќи долго време е таму според неговите проценки нема место во Словенија каде нема македонци. Тие се организирани во седум културно – уметнички друштва во поголемите градови Љубљана, Марибор, Крањ, Јесенице, Копер, Нова Горица, Цеље. За подобра едукација на децата тие често доаѓаат во Македонија на натпревари и се дружат со нивните врсници. Голема помош за ова има од агенцииите „Хисар“ од Љубљана и „ДРД“ до Домжале кои во секоја пригода бесплатно ги превезуваат учениците до Македонија и назад. Таков е и случајот за превозот на „Детските Рацинови средби“ кои неделава се одржуваат во Велес. Сепак вели дека децата имаат потреба од нови учебници, бидјеќи учат по стара програма и затоа очекува од државата следната година да им испорача нови книги. Децата се презадоволни од наставникот Сајновски.

- Тој е прекрасен човек,  се труди да не научи на  мајчиниот јазик, да не го  збаоравиме. Со него ја прошетавме  цела Словенија, доаѓаме во  родната Македонија, не потсетува  на нашите корени, и многу благодариме за се што први за нас – вели Павле Терзиев родум од Струмица а веќе неколку години жител на Словенија Сајновски со нова цел, заедно со македонците до градот, поднел барање од следната есен во едно основно училиште во Љубљана да се воведе македонскиот јазик како факултативен, изборен предмет. Во овој период се врши пријавување на учениците  и доколку се јави доволен број ќе се отвори  таква можност, што ќе биде голема работа за македонците во Словенија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »