речник контакт

Пациент згрижен на Инфективно одделение, има „делта сој“ на ковид-19

Пациентот се вратил од Англија пред две седмици

Петар Печков

Кај пациент од Велес е регистриран делта сој на корона вирусот (индиски), кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа, во земјава досега со делта сојот се заразени четири пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите.

„Пациентот од Велес е со лесна клиничка слика. Четирите случаи за кои ги чекаме анализите се од Скопје и само еден од нив е во тешка состојба, приклучен на респираторна машина. Не станува збор за поврзани случаи, лицата не биле вакцинирани“, рече министерот Филипче.

„На Инфективно одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес хоспитализиран е пациент на 43 годишна возраст позитивен на Ковид 19 кај кој  е докажан делта сојот. Истиот пациент е вратен од Англија пред две недели,  а хоспитализиран 7 дена во нашата болница. Пациентот е со полесна клиничка слика и  не е на кислородна поддршка“ - кажа д-р Елеонора Јованвоа, портпарол на Болнциа Велес.

Тој е единствен  пациент кој е хоспитализиран како позитивен на Инфективното одделение од велешка Болница.  Во Велес има уште еден активен случај на корона висус, според податоците на Институтот за јавно здравје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »