речник контакт

Пациентите малку знаат или малку ги користат можностите за превенција и рано откривање на ракот

„Превенција и рано откривање на рак„ трибина за 4 февруари Светски ден на борба против ракот

Петар Печков

Раното  откривање на ракот е најзначајно за здравјето на пациентите. Но тие малку знаат за превентивите лекарски прегледи и можностите кои им ги дава здравствениот систем.   Ова беше кажано на трибината „Превенција и рано откривање на рак“ беше која се одржа во Велес за Светскиот ден на борба против ракот, 4 февруари.

„Опфатеноста на жените за преглед за рак на грло  матка лани  беше 22 до 24 отсто кај женска популација од 36 до 46 години. Мал е процент на опфатеност со прегледи  на жените во рурални средини, каде ги посетуваше т.н. рурален гинеколог, колеги од  Клиниката за гинекологија во Скопје. Процентот беше   20 отсто. Се работи за сериозна болест на млада популација, со висок процент на смртност“- кажа д-р Аристотел Тренчев, специјалист гинеколог при ЈЗУ Општа Болница Велес.

Поразителни се податоците од анкета на организаторот, Швајцарската фабрика за медицински помагала „Ронтис“ лоцирана во Велес, за здравствените навики на вработените. Тие не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција од ракот.  Од 200 вработени 75 отсто воопшто  не биле на мамографија, на еко на дојка не биле 60 отсто.  Или само 10 отсто биле на некаков превентивен лекарски преглед.  

„Главната порака за превентива од сите видови карциноми  е да се живее здраво. Да не се пуши,  да се јаде здрава храна со овошје и зеленчук, да се вежба, да се има  нормална телесна тежина. За сите лица кај кои постојат ризик фактори, кои се сомневаат,  потребно епорано да се јават на преглед“ - рече д-р Весна Николова Неделковска.
Превенција за карцином на дојка е можна со  редовни самопрегледи од страна на жената. Карциномот е болест која не ја погодува само жртвата, туку целото семејство.  

„Доењето според светските истражувања за 20 отсто го намалува ризикот од појава на рак на дојка. Колку што може помалку или воопшто да не се користи хемија, суплементи, како превенција од канцерогени заболувања“ - кажа д-р Елена Јаневска.
Не само жените, туку и мажите се судруваат со карциномот. И тоа најчесто на простата, но не водат грижа за сопственото здравје.

„После 45 година не е битно дали ви паѓа косата, дали имате пивско стомаче, битно е да го посетите Вашиот уролог.  Карциномот на простата има 98 отсто на преживување, ако рано се открие. Не дозволувајте да бидете во тие 2 проценти“ - порача д-р Милка Панова.

Таа работи во службата за Итна помош при Здравствен дом Велес и претходно кажа дека ланската година имале зголемен обем на работа со  пациенти на кои им е потребна здравствена помош поради тоа што боледуваат од канцер.  

Со оваа трибина за прв пат Македонија и Велес беа  дел од мапата на светски настани на 4 февруари. Целта  беше да  подигне свеста за оваа болест и да се поттикне неговата превенција, рано откривање и лекување.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »