Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јули 2020
На инфективно одделение од велешка Болница има 18 лица, од нив 16 биле потврдено позитивни за двајца се чекаат резултати. Дел од нив се од Свети Николе.
На ова одделение почнаа да се примаат и пациенти од Свети Николе откако Инфективната клиника во Штип е полна. Кај нас се сместени шест лица, петмина се позитивни а за едно лице се чекаат резултати - изјави д-р Весна Неделкова Николовска, портпарол на Општа Болница Велес.
Две пациентки завчера откако билe примени на Инфективно во Велес, со писмена изјава побарале да си заминат на домашно лекување и биле пуштени.
Во Свети Николе за два дена се регистрирани нови 36 случаи, вкупно активни се 143.
Tweet |