речник контакт

Педесетина возачи вчера возеле побрзо од дозволеното по патишта во велешко

Еден од нив возел и со 70 км побрзо од дозволеното

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник 31 август,  во периодот од 8 до 16 часот на подрачјето на СВР Велес, сообраќајната полиција  спровела засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

„Било констатирано дека 50 возачи ја пречекориле дозволената брзина, од кои 45 надвор од населено место и 5 во населено место. При контролите било утврдено дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час и еден возач ја пречекорил брзината за над 50 километри на час повеќе од дозволеното“ - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 
Ваква акција на територијата на велешко, беше спроведена и во неделата попладне, во терминот до 13 до 19 ч. при што биле санкционирани 27 возачи, поради возење со брзина поголема од пропишаната.  
 
Во саботата пак за потсетување беше спроведена акција за  возење под дејство на алкохол при што на подрачјето на СВР Велес, биле 40 возачи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »