речник контакт

Пееме со ентузијазам и голема љубов кон црковното пеење

За велешкиот хор Св. Пантелејмон, под диригентство на Славица Ставрева

Петар Печков

Црковно  камерниот хор,,Св. Пантелејмон,, ја продолжува традицијата на  успешно хорско пеење во градот.  Летово на Меѓународен хорски натпревар одржан во Грција, во категоријата на црковна духовна музика, победи велешкиот црковен  камерен хор,,Св. Пантелејмон,, под диригентство на Славица Ставрева. Таа ја доби  наградат за најдобар диригент на Фестивалот ,,Антонио Вивалди,, кој се одржа во градот Карпенси. Ставрева е дипломиран теоретичар и хорски диригент, а е  вработена во Основното музичко училиште ,,Стефан Гајдов,, од Велес. 

           Колку време постои хорот?

Хорот  постои 12 години, оформен е февруари 2004-тата. Редовно  сме присутни на неделните  богослужби  од православните храмови   во Велес, најчесто во црквата Св. Пантелејмон и Св. Богородица, која ни е и матична црква. Пееме со свештенството, респонзоријално  пеење - тоа е  со  хор и свештеник. Ја пееме ,,Божествената златоустова литургија,, на Бадев. Изведуваме и архијерејски служби, заедно со  Владиката Агатангел.

         Чија  беше идејата за постоење на хорот и каде ги изведувате пробите?  

Хорот е формиран по иницијатива на Повардарска Епархија и со мои вложување.  Тука е и јадро на хористи, кои со голем ентузијазам и голема љубов кон црковното пеење, се оддаде на што го работиме.   Покрај композиции до световен карактер репертоарот на хорот најмногу содржи духовна православна црковна  музика.  Примерна ни е духовната музика, но имаме и композиции кои го отсликуваат животот на македонскиот народ.   Пробаме во просторија во зградата на Повардарска Епархија. Таму имаме пијанино, работиме два пати неделно.  Ако некој сака да ни се придружи, добредојден е, нека повели таму. Ако има талент, музички афинитет и над се со љубов би пристапиле кон хорот. 

         Каде се име настапено хорот во оваа деценија работа?

 Изминатите години сме учествувале на многу манифестации. Прв беше на манифестација Велес град на културата во 2005-тата година, со концерт на  духовна музика. Истата година  беше и нашиот промотивен концерт одржан во храмот  ,,Св. Пантелејмон,,. Снимивме и спот и песна за градот Велес во 2006-тата година. Таа година учествувавме и на Балканскиот хорски фестивал   ,,Јанко Мустаков,, во Бугарија   во Свиштов. Настапуваме за потребите н а градот Велес и на покана на локална власт.  Настапивме на свеченоста 30 години Повардарска Епархија на МПЦ –ОА, како и на свеченостите за   прославите на ,,Св. Климент Охридски,, и за ,,Св. Пантелејмон,,. Во 2011-та  имавме концерт на световна и духовна музика во Виена. 

           Колку членови брои хорот, колку  досега биле дел од него?

 Моментално броиме 17 члена, имаше и 20 . Се менуваат генерации, некои доаѓаат и други си одат.   Камерниот хор Св. Пантелејмон е мешан хор, има  машки и женски гласови. Имаме и тенори, бас, баритон, сопран и  алт.   

           Што значат за Вас наградите од Грција?

Тоа е крунисување  на целиот труд, кој го вложивме сите години наназад. Тоа е врвот на нашата работа.  Наградите премногу ни значат и мене лично и на  хорот.   

          Во хорот  има две лица, кои се познати на естрадата како поп изведувачи Мики  Секуловски и Орхидеја Дукова. Како тие се вклопуваат во работата?

Тие двајцата се членови на хорот од неговото формирање. Ги знам како ученици во  велешкото Основно музичко училиште, денес се дипломирани оперски пејачи. Таа е сопран тој е тенор. Каде име соло делници во некоја партија, тие ни се  солисти на одредени композиции.   Тие се одличен пример за соработка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »