речник контакт

Пекари, сендвичарници, компјутери, салони за мобилни

Ова е денешната слика на велешките мали стопански субјекти. Занаетчиите ги снемува, се јавуваат нови услуги

Петар Печков

Во централното градско подрачје на Велес се повеќе празни дуќани, деловен простор кој се изнајмува  тешко се наоѓаа заинтересиран кој ќе работи во него, поради високите кирии. Затоа пак во блиските улици се е полно, сопствениците работат и задоволни се од ефектот. Мал простор, мала кирија но доволно за работа и профит. Во градот на старите традиционални  занаети сега на цена се  сендвичарите, пекарите, компјутерските  и мобилни салони. Тие се најдоходовни и лани не се случи нивно затворање, напротив експанзија.

Храната секогаш има купувач а колку си поблизу до училиште, толку подобро. Не можам да се пожалам но добро оди работата. Во секој период од денот има целна група која ќе дојде да јаде. Не памтам дека во градов некоја сендвичара се затворила, но знам дека отвораат – вели сопственичката на сендвичарата ,,Боб сунѓерот,,.

Овие објекти заедно со пекарите се на цена и за нив нема зима, тост, сендвич, бурек, печива има секогаш за гладните усти. Работат претпладне за учениците, напладне за вработените кога се на пауза, навечер за младите кои шетаат. Така 18 часа имаат покриеност.  Во Велес за повозрасните  несфатливо, но за помладите повеќе до потреба, продавници за компјутери.

Иако работиме со мали маржи, таква е економската моќ на велешани, има потрошувачка. Во времето во кое живееме, кога статистиката покажува дека две третини од семејствата имаат дома компјутери, разбирливо е што има потреба од нас, кои нудиме современа информатичка технологија  и придружната опрема и галантерија. Не може многу да се спечали, но има за живеачка, бидејќи ова е време на компјутерите –вели сопственик на продавница за компјутери.

Слична е судбината и на бројните мали дуќанчиња, наречени салони за мобилни, каде се врши поправка на овие апарати или можат да се купат нови. Сопствениците со слично размислување, дека мобилниот е потреба и затоа тие се потребни за одржување и поправка. Иако ги има многу, за сите нив има работа и профит. Не така голем,  но доволен за живеачка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »