речник контакт

Пендаровски од минингот во Велес ја праша опозицијата како ќе ја внесе Македонија во ЕУ

Пендаровски најави ветинг на дел од судиите и обвинителите, кои со нивната работа овозможиле криминалците да бидат на слобода

Петар Печков

Направивме  многу крупни работи во периодот од мојот пет годишен мандат. Секако најкрупната беше влезот во НАТО алијансата. Малата Македонија со 1,8 милиони луѓе седи на иста маса со супер силите. Порача од митингот во Велес, претседателскиот кандидат на СДСМ  Стево Пендаровски. Тој говореше и за против кандидатите, ја прозва опозицијата, јавно да каже каков е нивниот план за влез во ЕУ. 

Дали е можно истите луѓе кои 11 години го создавале и одржувале најмрачниот режим во поновата македонска историја, да водат поинаква политика, праша Пендаровски,  па одговори дека тоа не е можно оти сегашната политичка гарнитура од врвот на ВМРО-ДПМНЕ биле автократи и диктатори.

„И токму кога помисливме дека ќе одиме на забрзана пруга за членство во ЕУ, овен источнито сосед, за жал, се соочивме со внатрешната опозиција, кога најголемата опозициона партија од за нив познати причини, од тесно партиски интереси реши да не блокриа на патот кон Европа.  Кога го завршивме скрининг процесот и требаше  да продолжиме со втората сесија, ВМРО-ДПМНЕ рече дека ниту еден од овие договори кои ние ги постигнавме,  според нив не биле добри. Кога ги прашуваме што не чини, што би смениле, тие одговараат дека имаат план „Б“ кој ќе го кажат после изборите. Тоа не поминува ни  кај деца од претшколско, не им верувајте на тие сејачи на магла. Претходно бевме во заробена држава, неколкумина од  партијата, една фамилија ја контролираше Македонија и нејзината економија“ – кажа Пендаровски.

Дали е можно истите луѓе кои 11 години, кој го создадоа и одржуваа најмрачниот режим во поновата македонска историја, дали може да водат поинаква политика, праша Пендаровски па одговори дека тоа не е можно оти сегашната политичка гарнитура од врвот на ВМРО-ДПМНЕ биле автократи и диктатори.  Тој најави ветинг на дел од судиите и обвинителите, кои со нивната работа овозможиле криминалците да бидат на слобода. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »