речник контакт

Пендаровски со тесна победа, со Силјановска во втор круг за претседател

Како се гласаше во Велес, Градско, Лозово и Чашка

Петар Печков

Според податоците на Државната изборна комисија по првиот изборен круг, по пребројани 3.505 од 3.512 избирачки места  тесна  победа за Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалиционите партнери со   освоени гласови 323.846  или 42,85  отсто.  Гордана Силјановска Давкова кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  освои 319.240  гласови или 42,24 отсто. Блерим Река кандидатот на Алијансата за Албанците и партијата Беса освои  10,57 отсто или 79.915   гласови.  Излезеноста беше 41,82 % или гласале 755.816 гласачи. Неважечки се 32.828 ливчиња или  4,34%.  Во вториот круг, според редниот број  одат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, гласањето ќе се одржи на 5-ти мај. 

 Еве ги резултатите на гласањето во велешко. 

ОИК Велес излезеност 45,8% - гласале 21.035 лица.

за Блерим Река - 323 - 1,54%

Гордана Силјановска Давкова  52,52% - 11.047

Стево Пендаровски  41,26% - 8.678

неважечки 987  гласачки ливчиња - 4,7%

 

ОИК Градско излезеност   53,95% -гласале 1.649 лица.

за Блерим Река - 33 - 1,95%

Гордана Силјановска Давкова  53,66% - 909

Стево Пендаровски  38,96% - 660

неважечки 92 гласачки ливчиња - 5,43%

 

ОИК Лозово излезеност   63,5% -гласале 1.255 лица.

за Блерим Река - 24 - 1,91%

Гордана Силјановска Давкова  53,7% - 674

Стево Пендаровски  38,5% - 483

неважечки 74 гласачки ливчиња - 5,9%

 

ОИК Чашка  излезеност   44% -гласале 2.654 лица.

за Блерим Река - 254 - 9,57%

Гордана Силјановска Давкова  38,9% - 1.032

Стево Пендаровски  48,72% - 1.293

неважечки 75 гласачки ливчиња - 2,83%

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »