речник контакт

Пензионерите барaат бесплатен автобуски градски превоз, волонтерите од Болница вработување

Прашања од граѓаните на средбата со Владата

Петар Печков

На понеделничата средба со премиерот и дел од Владаните министри беа поставени две прашања,  кои останаа актуелни и по една година.  Од името на бројните пензионери во градот, се актуализираше повторно и тие како и скопјани да се возат  бесплатно со градскиот и меѓуопштинскиот автобуски превоз.  Премиерот ова прашање му го префрли на министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој  изјави дека ова е локално прашање и одговорот го побара од градоначалникот  на Велес.

Нека дојдат да се договориме –  кратко изјави Чадиев. 

Идентичен одговор на истото прашање добија пензионерите и лани, кога на средба со Владата побараа бесплатен автобуски градски превоз. Тогаш ваков договор даде градоначалникот Горан Петров.  Имаше и прашање од граѓанин, чиј син работел седум години како волонтер во Велешката Општа Болница. Тој праша кога ќе се вработат овие лица, од кои некои имаат и повеќе од десетгодишна ваква активност. Одговори премиерот.

Ова е сериозен проблем, кој долго време се повлекува. За жал има доста лива кои се ангажирани како волонтери, а нема доволно средства. Очекувам дека со министерот Тодоров ќе најдеме решение за дел од волонтерите – изјави премиерот Груевски.

Вакво исто прашање беше поставено и на ланската средба соа претставниците на Владата во Велес. Тогаш министерот Тодоров даде идентичен одговор а по година дена нема ниту еден волонтер вработено.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »