речник контакт

Пензионерите ги зголемија барањата, пет илјади денари линерано покачување и 20 илјади минимална пензија

Иницијативниот одбор за повисоки пензии, кој од денес е преименуван во Сојуз на пензионери за достоен живот, граѓанско здружение кое наскоро требало да биде и правно регистрирано

Петар Печков

Барањата на пензионерите за повисоки пензии остануваат, со тоа што вредноста на минималната пензија е повисока, исто како и висината на линераното покачување. Ова се одлуки на Иницијативниот одбор за повисоки пензии, кој од денес  е преименуван во Сојуз на пензионери за достоен живот, граѓанско здружение кое наскоро требало да биде и правно регистрирано.

„Донесовме неколку заклучоци за работата во наредниот период. Наместо 3,5 илјади бараме линеарно покачување на пензијата од пет илјади денари, минимална пензија од 20 илјади денари. Овие барања се  согласно трошоците на животот, кои секојдневно се качуваат. Протестите  продолжуваат низ градовите во Македонија но и нивна радикализација“ - кажа Кире Василевски, секретар на  Сојузот.  

Тие одржаа седница во Неготино, на која присуствувале делегати од 25 града од Македонија.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »