речник контакт

Пензионерите ги радикализираа протестите, го сопреа сообраќајот кај Пошта

Ги актуализираат барањата за линеарно покачување од пет илјади и минимална пензија од 20 илјади денари

Петар Печков

Попладнево од 18 до 19ч. пензионерите кои барат повисоки пензии, го радикализираа нивниот протест. Го сопреа сообраќајот  на почетокот од улица Алексо Демниевски Бауман, кај Пошта. Во траење од 60 минутите не дозволува да минат автомобили, освен возилата на итната помош, полицијата и пожарната.

 „Ја актуализираме одлуката од состанокот во Неготино а таа е пет илјади денари линеарно покачување и 20 илјади минимална плата.  Ја блокираме оваа улица во време на мртвиот период, кога нема толку движење. Така нема да создадеме незадоволство кај граѓаните, иако од нив немаме поддршка. Тука се најхрабрите и нај истрајните.  Изјавите на Министерката и претседателката на пензионерите на телевизија во дебатна емисија, се надвор од секој ум “ кажа Кире Василевски секретар на Сојузот на пензионери за достоен живот.

Протестот е во организација на Сојузот на пензионери за достоен живот. Според нивни проценки во Велес и велешко има околу 5,5 илјади пензионери. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »