речник контакт

Пензионерите и повозрасните велешани најмогу заинтересирани за повратокот на ДДВ

Овие пет дена стотина граѓани дошле на шалтерите на канцеларијата на УЈП во Велес и побарале информации како да го остварат правото, но и да им се помогне околу инсталирањето на програмот на нивните мобилни телефони

Петар Печков

Кај велешани владее интерес за повратот на ДДВ. Овие пет дена стотина граѓани дошле на шалтерите на  канцеларијата на УЈП  во Велес и побарале информации како да го остварат правото, но и да им се помогне околу инсталирањето на програмот на нивните мобилни телефони. Повеќето се пензионери и повозрасна група граѓани, објаснуваат од УЈП Велес.

Им ги даваме неопходните совети на даночните обврзници како да го остварат правото на повраток на ДДВ и да се регистрираат. За онаа категорија граѓани кои немаат телефони кои ја поддржуваат, им овозможивме да дојдат на секои  десет -петнаесет дена и така со наша помош да ги праќаат платените сметки - вели Борис Леов раководител  на канцеларијата на УЈП Велес. 

Додава дека иако имаат мал број на вработени, споредено со другите канцеларии во регионот, редици нема а граѓаните се брзо услужени.  Интересот кој владее за повратокот на ДДВ е присутен кај онаа категорија граѓани, кои немаа потреба од е-регистрација за платен данок, па затоа мора да им се отворат лични сметки на овие лица, за да може да добијат назад  15 отсто од платениот ДДВ, но не повисок од 30 илјади на крајот од годината. Такви во велешко лани биле регистрирани 25 илјади лица кои имале е-регистрација за плаќање на персонален данок. 

Работното време на шалтерите на УЈП е секој работен ден од 8 до 21часот додека првата работна сабота, како утре е од 8 до 16ч. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »