речник контакт

Пензионерите поделија пакети храна и пари на 60-тина семејства пензионери кои се во лоша материјална и здравствена состојба

Секој работен ден се дели бесплатно ручек на социјално загрозени членови во дневните центри за пензионери во Теово, Извор, Чашка, Богомила и Градско

Петар Печков

Триесет семејства на пензионери од Велес и велешко, добија пакети со храна . Исто толку семејства на пензионери добија и парична помош. Тоа се лица од ранлива категорија, социјални случаи, болни,   Помошта беше поделена и во руралните средини.

Триесет семејства на пензионери, кои се  болни, со ниски примања,  живеат сами им поделивме пакети со прехрана.  Помошта беше поделена и во руралните средини. Помошта се подели во време на пандемија на ковид-19, кога овие лица -пензионери  се изолирани од останатите и се сами дома  - изјави Благојка Настава претседател на активот на пензионерки при Здружението на пензионери од Велес.  

Здружението на пензионери од Велес изминатата недела во два наврати со финансиска помош од  три илјади денари  им помогнаа на 30  свои членови – пензионери, кои се со пониски пензии и во тешка социјална состојба или нарушено здравје. 

Целта ни е  во овие вонредни и тешки околности  да им помогнеме на овие наши членови и нивните семејства  и  барем за малку да им ја олесниме  тешката материјална состојба, а за да можат да си набават  основни прехранбени артикли храна и лекови. Повеќето добија парична помош од три илјади денари, други и 1,5 илјади денари, во зависност од примањата  - изјави Веле  Алексовски, претседател на Здружението на пензионери од Велес.  

Ваква парична помош досега примиле над 100 нивни членови со нивните семејства и најави дека ќе продолжат и понатаму со делење на помош и финансиска и материјална.

Алексовски  додаде  дека  во овие вонредни услови на пандемија со корона вирусот,  тие во соработка со Министерството за труд и социјална политика  делат ручек бесплатно на  свои социјално загрозени членови во дневните центри за пензионери во Теово, Извор, Чашка, Богомила и Градско, секој работен ден од понеделник до петок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »