речник контакт

Периодниот систем добива нов елемент

Се работи за елементот унунсептиум - најтешкиот елемент кој бил создаден. Еден атом од унунсептиум тежи 40% повеќе од атом на олово.

Петар Печков

Меѓународен тим од истражувачи  објави истражување во кое се потврдува постоењето на хемиски елемент со број 117. Се работи за елементот унунсептиум - најтешкиот елемент кој бил сосдаден. Еден атом од унунсептиум тежи 40% повеќе од атом на олово. 72 научници и инженери од 16 институции ширум светот соработувале за да го потврдат постоењето на елементот. Металот првпат бил откриен од страна на тим од руски и американски научници во 2010 година. Сега е и потврдено дека овој елемент навистина постои.

Тешките елементи, оние кои се по атомскиот број 104 на периодниот систем на хемиски елементи, не се наоѓаат во природата. Тие може да се создадат само со спојување на два различни видови јадра во забрзувач на честички. Во случајот со унунсептиум биле споени јони од калциум и берклиум.

Дури и состојките во овој рецепт претставувале предизвик. Имено, биле потребни 18 месеци за синтетизирање на примерот од берклиум кој тежел 13 милиграми. Но, трудот се исплател. Елементот бил создаден во лабораторија во Германија. Тимот го забележал создавањето на четирите атоми на елементот, иако тие се претвориле во други елементи за неколку милисекунди.

Откако елементот бил забележан во повеќе експерименти, Меѓународните унии за чиста и применета физика и хемија ќе одлучат дали доказот е доволно силен за елементот да биде додаден во периодниот систем на елементите.

Според научниците, најтешкиот метал досека создаден не е најбитното откритие во истражувањето. Елементот се распаднал речиси инстантно и потоа создал изотопи кои останале стабилни со часови. „Ова е од поголемо значење бидејќи се претпоставува дека изотопите кои траат подолго постојат во региони на зголемена нуклеарна стабилност“, вели професорот Кристов Дулман, водич на истражувањето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »