речник контакт

Пет години затвор за разбојништво над жена минувач

Неготинец ја нападнал велешанката ја удрил со камен по глава и се обидел да и ја одземе чантата

Петар Печков

Неготинецот Јордан Најдов Личнев (31 год) доби пет години затвор за разбојништво што  го  извршил над велешанка.  Тој го признал делото, по што судот го прогласи за виновен и му изрече затворска казна. 

Тој беше осуден за дело кое го сторил  на  18-ти мај минатата  година попладнето околу 17 часот, во близина на Градскиот саат. Јордан  употреба на сила и камен, ја  нападнал   оштетената  жена додека таа се движела по тротоарот.

Најдов Личенов и пришол од зад грб и со камен ја удрил во пределот на главата, по што и ја потегнал  чантата  која таа ја носела на левата рака и која и покрај ударот успеала да ја задржи.

Откако во намерата  не успеал оштетената започнала да вика за помош, обвинетиот избегал кон возилото марка Голф со кое дошол од Неготино, па го напуштил градот. За ова дело, разбојништво  Јордан Најдов Личнев доби пет години затвор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »