речник контакт

Пет дена Велес ќе живее со фолклорните ритми

12-ти Фестивал на фолклорот во Велес

Петар Печков

Од утревечер, вторник до сабота вечер, Велес ќе биде домаќин на 12-тиот Фолклорен фестивал. Најавено е учество на на 500 гости од 11 странски ансамбли од 8 земји, и уште толку 500  учесници од Македонија со  три ансамбли,  додека од градот домаќин ќе учествуваат  пет друштва.

Секоја вечер од 20 часот во Амфитеатарот на Младинскиот парк, гостите од  Бугарија, Романија, Србија, Турција, Унгарија, БиХ,   Полска, Естонија и од земјата домаќин  Македонија, ќе ги пеат етно звуците од  родниот крај и ќе  го презентираат  боите и шарите на фолклорните носии.  

Верувам дека изборот на фолклорни ансамбли, а особено  нашите гости од странство и овој пат ќе го претворат Велес во центар на фолклорната ризница на Балканот и Европа. Со оваа богата програма и  годинава очекуваме квалитетно фестивалско издание со незаборавни моменти и за учесниците и за посетителите. Ја користам оваа пригода да ги поканам сите граѓани претстојните летни вечери од 30 јуни до 4-ти јули да си ги разубават со музиката, ората, песните и раскошните носии на фолклористите од земјава и странство - најави Томе Јаневски претседател на организациониот одбор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »