речник контакт

Пет дена магла, пет дена велешани дишеа високи концентрации прашина

Високи вредности на ПМ 10, чад и сулфур двеокси далеку под граничната вредност

Петар Печков

Изминати денови, кога градот беше покриен со магла, воздухот во Велес беше со високи концентрации на прашина ПМ10, покажуваат мерните инструменти на Министерството за животна средина. Така на мерната станица Велес 2, лоцирана во Нова населба од 12-ти до 17-ти декември вредноститее биле далеку на граничната вредност од 59 микрограма на метар кубен.  

Највисока била на 13-ти - сабота кога била три пати повисока со измерени 157 мг на  м3. И следниот ден, неделата 14-ти имало исто така мошне висока вредност од 140 мг на м3.  Во вторникот биле измерени 105,64, додека во петокот 12-ти и понеделникот 15-ти имало вредности од 73 и 80 мг на м3.

Поради ваквата состојба а согласно заклучокот на Владата,   штом има пет последователни едена со повисоки вредности од граничните, надлежните се должни да ја информираат јавноста.   Токму затоа Центарот за Управување со кризи, ја проследи оваа информација до медиумите.

Во овој период другите  два елементи чад и сулфирдвексид, кои исто така има влијание врз здравствената состојба на граѓаните, биле далеку под граничните вредности.  Мерното место Велес 1 за жал не е во функција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »