речник контакт

Петар се врати дома

По сообраќајката која ја доживеа, откако бегаше пред глутница кучиња тој се опорави, ја преживеа операцијата на глава и е дома. Локалната власт му вети финансиска помош

Петар Печков

 Од денес попладне во својот дом  на улица Маца Овчарова 107 се врати  Петар Димовски. Тој е ученикот кој точно пред седум дена настрада во сообраќајка пред влезот на Гимназијата, откако бегаше од глутница кучиња. По успешната операција на главата која траела шест часа, Петар е сега во домот, покрај родителите и двајцата браќа Виктор и Александар на кој многу им недостасуваше. Како низ магла се сеќава на грозниот момент.

Се враќав од пракса, работам како келнер во Шкорпион. Бидејќи дента немав пари да си платам каратз за градски автобус, пешки се упатив кон дома, во Потокот. Кога минев во дворот од Гимназијата ме нападнаа глутница кучиња скитници. Сакав да побегнам и трчав преку улица, не гледајќи пред себе. Се сеќавам дека само удрив со главата во шофершајбната и толку – вели петар.

Тој е ученик во прва година во Коле Неделковски. Неговото семејство има ниски примања и родителите немаат средства за да ја платат операцијата, негата и лековите. По доаѓањето дома на Петар го посети градоначалникот на Велес. Тој најави помош за заздравување на младиот ученик.

Прво да го изразам моето жалење за настанот и повредите  кои ги здоби Петар. Ние како општина ќе ги покриеме трошоците за операцијата и лекувањето. Потоа за потребите на рехабилитацијата ќе обезбедиме ер кондишн за домот на Димовски. Освен ова стоиме на располагање за сите натамошни потреби што ќе се јават –  најави  Горан Петров градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »