речник контакт

Петар Темелковски е добитник на наградата ,,Петре Прличко,,

Пензионираниот актер има одиграно 70 театарски ролји и четири филмски

Петар Печков

Актерот Петар Темелковски  е добитникот на годинешната награда за животно дело „Петре Прличко“ која ја доделуваат општина Велес, здружението на актери „Џинот“ и велешкиот театар. Жирито во состав Јордан Витанов, Маја Љутков  и Ѕвездана Ангеловска  одлучи  признанието, кое се доделува по седми пат, да му го даде на пензионираниот актер Темелковски, ,,кој имал храброст да истрае 40 години на сцената,,.

Тој е габаритен, грамотен актер, кому ни најголемите цунами од кич, шунд и естрада не му можат ништо. Од неговото мајсторско  актерство можат да учат денешните и идни генерации. За сите овие години работа Темелковски не падна во  стапицата на искушението за слатка и примамлива брза слава и лесен успех  – ја образложи наградата претседателот  на жирито Јордан Витанов.

Темелковски во својата кариера има одиграно 70-тина главни и централни ролји  во театарот, како и четири филмски улоги. И покрај тоа што една година е во пензија Темелковски не е збогуван од сцената. Моментално ја игра претставата ,,Јустинијан Први,,.  Тој не го криеше задоволството од оваа награда.

  Восхитен сум и радосен за оваа награда, која ми значи многу. Таа ќе најде место, заедно со останатите  каде ги чувам моите животни награди. По дипломирањето, Прличко како директор на МНТ и разговор од само седум минути ме прими на работа. Тој и останатите постари колеги не пречекаа со широко раширени раце ни дадоа шанси за докажување. Ако некој заслужува да биде наречен легенда, тоа е Прличко. За да не го девалвираме зборот легенда, мораме шкрто  и љубоморно да ја употребуваме – изјави добитникот Темелковски. 

Актерската награда за животно дело ,,Петре Прличко,, досега ја добија  Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен,  Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски и Борис Чоревски. Таа ќе му биде врачена  петок вечер во велешкиот театар, чии актери во чест на наградениот ќе ја изведат претставата ,,Шашардисани времиња,, .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »