речник контакт

Петардите не се играчки

Изменет дел од сообраќајот во центарот на градот заради Новогодиншниот пречек. Полицијата предупредува и за опасноста од употребата на петардите

Петар Печков

СВР  Велес ги иоформира граѓаните дека на 31.12.2011 година со почеток од 18,00час. поради одржување на Новогодишната прослава ќе има изменет режим на сообраќај, односно улицата 8 ми Септември ќе биде затворена за сообраќај и истиот ќе биде пренасочен по улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Изменетиот режим на сообраќај ќе биде до утринските часови на 01.01.2012 година. Се молат граѓаните да се придржуваат кон поставената сигнализација.

Полицијата  апелира до сите граѓани, за време на прославување на Новогодишните и Божиќните празници да се воздржат од употребата на пиротехнички и распрскувачки материи, со цел спречување на несакани последици кои можат да настанат од нивна употреба. Експлозивните материи да не бидат дел од Вашиот начин на прославување и одбележување на овие празнични денови, токму поради тоа што истите можат да нанесат трајни штетни последици за лицето кое ги употребува, но и за лицата кои се во непосредна близина.

Со оглед на тоа дека за време на празниците зголемено е консумирањето на алкохолни пијалоци, ги советуваме и апелираме до граѓаните да се воздржат од управување моторно возило под дејство на алкохол, повторно со цел, да спречат настанување на несакани и штетни последици.

Секторот за внатрешни работи Велес на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, со желби за благодет и добро здравје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »