речник контакт

Петмина велешани добија надомест за користење на сончеви колектори

Само еден процент од 500 добитинци се од Велес, каде годишно овој извор на топлинска енергија може да се користи осум месеци

Петар Печков

 Петмина велешани беа извлечени од  безмалку 500-те добиници на надомест за користење на сончеви колектори.

Јавното извлекување на лицата кои  го остварија правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство, по четвртиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2012 година,  се познати  по извелкувањето кое  се одржа  во СЦ „Борис Трајковски“. Повикот траеше до 31 мај, до кога пристигнаа вкупно 2023 барања, од кои 2018 беа предмет на јавното извлекување (две лица имаат поднесено по 2 барања, а 3 барања поднеле трговски друштва), а за негова реализација  од Буџетот се предвидени 6 милиони денари.

Министерството за економија по четврти пат ја спроведуваа оваа стимулативна мерка, која оваа година за прв пат се спроведува по пат на јавно извлекување на добитниците, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра. Имено, Министерството за економија досега има субвенционирани 1420 домаќинства (2007 и 2009 година по 500 домаќинства, а во 2011 година 420 домаќинства) и за оваа намена до сега се исплатени 21.869.672 денари од Буџетот на Република Македонија.

Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом заштедува околу 2.400 kWh (за користење од околу 8 месеци), односно заштеда од 8.400 денари на годишно ниво.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »