речник контакт

Петмина велешани членови на КК Гладијатор на листата на најдобри каратисти во Македонија

Димовски единствен велешанец од младите категории во карате, обезбеди учество, на ЕП за кадети, јуниори и У21 кое ќе одржи од 09-11.02.2025 година во Бјалско-Бјала, Полска

Петар Печков

Карате федерацијата на Македонија ги избра најдобрите за 2024 година. На листата се најдоа и  петмина  велешани, членови на КК Гладијатор.

Кај кати жени втора е Андреа Алексовска,  Марко Поптодоров е прв во кати машки до 21 година, а трет Марко Димовски.

Кај кадетите во ката е прв Борјан Димовски  а кај кадетките трета  е Паула Игевска.

Димовски единствен велешанец од младите категории во карате, успеа на државното изборно првенство да обезбеди учество, по остверна пласман, на ЕП за кадети, јуниори и У21   кое ќе одржи од 09-11.02.2025 година во Бјалско-Бјала, Полска.

Најдобриот македонски каратист е  Петар Заборски избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Михаела Мишовска го доби признанието кај дамите.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »